Универзитетскатаклиника за детски болести Скопје, со поддршка од Министерството за здравство, доби нова медицинска апаратура- донација од ПЕКАБЕСКО АД Скопје .
Донацијата се состои од два Бебитерми, еден Инкубатор и два перфузори наменети за Одделот Неонатологија, кои се многу неопходни за непречено одвивање на работниот процес во згрижување на новородени со различни патологии кои се упатуваат од сите родилишта во државата, прематуруси(предвреме родени) ,термолабилни  новороденчиња, како и за третирање на жолтица кај новороденчиња .
Перфузорите се неопходни за прецизно  аплицирање на венска терапија по протокол, со точно одредени дози и зададен временски интервал.

Исто така Универзитетската клиника за детски болести набави нов ЕЕГ апарат. Се работи за видео ЕЕГ Неуротравел, со напреден систем за Електроенцефалографија кој нуди висока резолуција во снимањето на ЕЕГ сигналите, со интегрирано видео мониторирање.  Системот овозможува висока прецизност и деталност во дијагностицирање и следење на различните невролошки  состојби во субспецијалистичка амбуланта за Неврологија каде годишно се прават околу 2000 ЕЕГ снимања.
Предност на новиот апарат е дека има  видео мониторирање  во тек на снимањето  и издавање на  резултатите во електронска форма, а не во хартиена форма како досега.  Со тоа е направен чекор напред кон дигитализација во здравството, со што значително ќе се штеди во време и трошоци за хартија и друг материјал.
Директорот на Клиниката Д-р спец. Реџеп Мемеди изрази благодарност до министерот Проф. Д-р Арбен Таравари за одличната соработка, истовремено на извршниот директор на ПЕКАБЕСКО АД Скопје г-дин Слободан Кутревски  додели Благодарница за постојаната поддршка што ја даваат на Универзитетската клиника за детски болести Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *