Хумани луѓе продолжуваат да донираат на Клиниката за детски болести.
Овој пат добивме 19 Инхалатори- за апликација на инхалаторна терапија кај деца – донација на наш печалбар од Германија која сакаше да остане анонимен ( втора негова донација) и 3 прочистувачи на воздух- донација на Маркетинг Агенцијата PIXEL.
Пречистувачите на воздух ќе помогнат во намалувањето на штетни честички и во подобрување на квалитетот на воздухот во просториите на Клиниката за детски болести , со цел да се обезбедат подобри услови за престој на најмладите пациенти.
Во името на целокупниот персонал на Клиниката за детски болести изразуваме голема благодарност до донаторите за докажаната хуманост!