Вчера на Универзитетската клиника за детски болести за прв пат се пушти во употреба електро-оптички уред- Vein Viewer – за медицинско снимање-лоцирање на површината  на васкуларната структура.
Vein Viewer претставува најнова иновација во полето на визуелизирањето на вените кај педијатриски и неонатални  пациенти. Со најновата инфраред INR технологија која што е потполно сигурна за пациентите, се добива јасна HD слика за вените и со тоа земањето примерок крв веќе нема да претставува никаков проблем, со што ќе се намали и траумата кај малите пациенти.

Уредот  има можност да  ја проектира сликата на кожата, дозволувајќи му на операторот  да ја види основната васкулатура во реално време, со што многу полесно и побрзо се пласира интравенска канила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *