11 месеци 11 проекти

На Универзитетската клиника за детски болести, во присуство на премиерот г. Христијан Мицкоски, министерот за здравство г. Азир Алиу , директорот на Фондот за здравство г. Сашо Клековски, директори на здравствени институции и други почитувани гости,
презентиравме 11 реализирани проекти во период од 11 месеци откако директорот Д-р спец. Реџеп Мемеди ја превзема одговорноста да раководи со ова значајна здравствена институција.
Се работи за значајни проекти, од кои дел се инфраструктурни и еден дел се набавка на современа медицинска апаратура, со кои значително ќе се унапредува квалитетот на здравствените услуги и ќе се подобри медицинска грижа за најмладите и најмалите пациенти.
Овие проекти всушност се решениа на многуте проблеми и недостатоци, кои се утврдени на почетокот на мандатот на Д-р Мемеди во јули- август минатата година.

Овие резултати не би биле возможни без подршката од Владата, Министерството за здравство, Фондот за здравство, Катедрата по Педијатрија, медицинските тимови и тимот од администрацијата како и многубројните донатори со големо срце кои позитивно одговорија на нашиот повик да ја помагаат Клиниката за детски болести.

Сметаме дека сите ние имаме одговорност да ја чуваме, развиваме и унапредуваме оваа Клиника, бидејќи се работи
за највредното што го имаме – а тоа е здравјето на нашите деца!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *