12 Конференција за цистична фиброза на Југоисточна Европа што ја организира Министерството за здравство на Република Косово во Приштина

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести Д-р спец. Реџеп Мемеди, заедно со докторите од Одделот за цистична фиброза и пулмологија, учествува на 12. Конференција за цистична фиброза на Југоисточна Европа што ја организира Министерството за здравство на Република Косово во Приштина.

Директорот Мемеди во својот говор изрази честитки до министерот за здравство на Косово Д-р Арбен Витиа за организацијата на овој голем настан, при што ги истакна достигнувањата на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје во унапредување на третманот на пациентите со цистична фиброза со најсовремена терапија, следејќи го чекорот со европските центри за цистична фиброза. 

Оваа меѓународна конференција, каде што учествуваат најистакнатите експерти, лекари, претставници на здруженија, родители и поединци заболени од цистична фиброза од европските и регионалните земји, беше добра можност за размена на нови научни информации, добри практики и значајни случувања во областа на лекувањето на оваа болест, со цел да се подобри животот на лицата со цистична фиброза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *