М-р Аљајдин Мемеди е роден на 06.12.1974 во Скопје, Р.С.Македонија, каде завршува основно и средно училиште со одличен успех. Се запишува на Факултетот за деловна економија и организиациони науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје во Скопје, во учебната 2009/2010 година, а истиот го завршува во 2011 година, со просек 2,18/3 и се стекнува со звањето Дипломиран економист по деловна администрација. Во 2011 година запишува постдипломски студии по Деловна економија и организиациони науки, насока- Менаџмент, на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во Скопје, и истите ги завршува во март 2018 година, со просек 2,94/3, со одбрана на магистерската теза на тема ‘‘Мотивација на вработените во здравствените институции во државен и приватен сектор во Република Македонија’’, при што се стекнува со звањето Магистер поделовна економија и организиациони науки. Од Јули 2007 до 2015 бил вработен на раководно место во приватна компанија .Од Јануари 2015 вработен е како В.Д. Директор на ЈЗУ Институт за медицина на трудот на Република Северна Македонија, Скопје, Р.С. Македонија, СЗО колаборативен центар, и активно учествуваво процесот на раководење, координацијата и организацијата на работата на Институтот. Во Декември 2019 назначен со мандат како Директор на ЈЗУ Институт за медицина на трудот на Република Северна Македонија, Скопје, Р.С. Македонија. Од Јануари 2022 назначен како В.Д Директор на ЈЗУ У клиника за детски болести-Скопје. Има учествувано на неколку меѓународни конгреси и конференции. Активно познава и се служи со Англиски (ниво Б2), Германски(ниво Б1), Турски (ниво Ц1), Хрватски (ниво Б2) и Српскиот јазик (ниво Б2). Има познавања и активно се служи со компјутерските програми: MS Office program package, Internet и Android.