На Клиниката за детски болести имавме празничен ден. Ајше конечно под звуците на победничкото ѕвоно, по 9 месеци третман против леукемија, ја доби битката и денеска конечно се врати на нормалниот живот.
Под емоциите кои ни ги подари овој настан, денеска бевме таму да ја поддржиме и да и честитаме за овој успех, истовремено упатувајќи порака дека ниту една болест не е помоќна од челичната волја за живот.
Честитајќи и го на Ајше овој успех, министерот Сали, преку симболичен подарок изрази надеж што почесто да има вакви ѕвончиња и вакви денови.