Советникот во амбасадата на Редот на Малта во Република Северна Македонија во посета на Клиниката за детски болести Скопје

Господинот Џузепе Монталто, советник во амбасадата на Редот на Малта ја посети Клиниката за детски болести.
Во духот на новогодишните празници, господинот Монталто им подари новогодишни пакетчиња на дечињата кои се лекуваат на нашата клиника, пренесувајќи им порака за радост и подобро здравје.
Директорот на Клиниката за детски болести Д-р спец. Реџеп Мемеди изрази голема благодарност за вниманието и поддршката на Редот на Малта, нагласувајќи ја важноста на взаемната соработка со цел унапредување на квалитетот на медицинските услуги за педијатриските пациенти, за што советникот Монталто изрази спремност за понатамошна поддршка и помош на Клиниката за детски болести.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *