Министерот за здравство Др. Арбен Таравари заедно со министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска денеска ја посетија
Клиниката за детски болести. Во пресрет на предновогодишните празници, заедно со директорот на Клиниката за детски болести д-р Реџеп Мемеди, ги посетија хоспитализираните дечиња на кои им поделија пакетчиња за новата година посакувајќи им брзо заздравување.

Директорот Др. Реџеп Мемеди заедно со раководителите на одделите изразија благодарност за издвоеното време и радоста што им ја донесоа на децата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *