Градоначалникот на Општина Гази Баба, господин Бобан Стефковски, ја посети Детската клиника , по повод претстојните новогодишни празници. Во рамките на оваа посета, градоначалникот подари новогодишни пакетчиња за децата кои се хоспитализирани во клиниката, исполнувајќи ги нивните срца со радост и топлина во овој празничен период.
Директорот на Детската клиника Др. спец Реџеп Мемеди изрази голема благодарност за посетата и за континуираната поддршка која Општина Гази Баба ја пружа за малите пациенти.
Градоначалникот Бобан Стефковски изрази задоволство за дадената можност да ги посети нашите пациенти, посакувајќи им брзо оздравување и среќни празници.