Во врска со ангажманот на Алајдин Мемеди на Детската Клиника, сакаме да ги расчистиме евентуалните дилеми со следните факти:
Прво, не е точно дека Мемеди од разрешен економски директор е ангажиран за советник. Тој воопшто не беше економски директор во моментот на измените на Законот за здравствена заштита, со кои се укина оваа функција на клиниките.
Второ, тој е магистер по економски науки и докажан експерт по менаџмент, со долгогодишно искуство во
приватниот сектор, а секако и во здравствениот сектор. Показател за неговите одлични менаџерски способности во периодот кога се докажа како многу успешен директор на Институт за трудова медицина, каде од 2014-2022 година успеал од една запоставена институција наследена со многу финансиски и организациски проблеми-да ја подигне во една соврмена јавно-здравствена институција со изразено добра финансиска состојба, со зголемен буџет над 100% од денот кога е именуван, со комплетно реновиран објект и нова апаратура, каде граѓаните секојдневно добиваат квалитетни здравствени услуги.
Трето, со цел објективно информирање на јавноста тој е единствен економски директор кој добил судски спор за неговото неосновано разрешување
од функцијата економски директор во ноември 2022 година (заради наводен несоодветен
коефициент на плата, кој тој го има наследено како затекната состојба).
Конечно со ова директно се отфрлаат како невистинити наводите за евентуални неправилности, за што постои и судска одлука. Ова претставува уште еден доказ дека Алајдин Мемеди
секогаш работел во рамките на законските прописи и норми. Тоа го докажува и
извештајот од последната извршена ревизија од ДЗР извршена во 2023 година.
Со укинувањето на позицијата економски директор, со последните законски измени, Универзитетската клиника за детски болести Скопје штеди во просек месечно околу 140.000 денари,колку биле потрошени за плата и патни трошоци на економскиот директор.
Во однос на финансискиот советник Алајдин Мемеди, нема ниту една промена во трошоците, бидејќи и претходно Клиниката, во рамките на законските норми, користела услуги на финансиски советник.
Да потенцираме дека во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје, со над 300 вработени и со огромен обем на работа, има голем недостаток на административен кадар. Најбитните сектори немаат раководители. Со години нема раководители на Сектор за финансии и Оделение за сметководство, исто така и Оделението за јавни набавки нема раководител- фукционира со само еден вработен.
Невозможно е да функционира голема институција-како Детска Клиника , без искусни луѓе кои треба да имаат одлични познавања во областа на финансии и сметководство.