Универзитетската клиника за детски болести Скопје активно се приклучи на меѓународната кампања ” Златен Септември”- која има за цел подигање на свеста ширум светот за ракот кај децата. За оваа кампања ја користиме златната боја за да им оддадеме почит на храброста на децата со рак, да изразиме солидарност и да зборуваме заедно со децата и адолесцентите и нивните семејства.
Балони обоени во златно денес одлетаа од рацете на децата, докторите и сестрите на Одделот за детска хематологија и онкологија на Клиниката за детски болести во ЧЕСТ НА ЗЛАТЕН СЕПТЕМВРИ – МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ ВО ДЕТСТВОТО!