МАКСТИЛ СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 16 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЦЕЛОСНО ГО РЕНОВИРАШЕ ОДДЕЛОТ ЗА ОНКОЛОГИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Скопје, 07.04.2022 – Денеска, по повод 7 април – Меѓународниот ден на здравјето, медицинскиот директор на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова, и економскиот директор м-р Алајдин Мемеди беа домаќини на владина делегација составена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за здравство Беким Сали, кои беа дел од церемонијата на свеченото отворање на Одделот за Онкологија, комплетно реновиран од компанијата МАКСТИЛ, со инвестиција вредна 16 милиони денари, најголема што клиниката некогаш ја имала.

Директорката Аспазија Софијанова им се заблагодари партнерите од Макстил, истакнувајќи дека оваа инвестиција, колку е материјална, толку и хумана. Софијанова апелирараше ваквиот пример на Макстил да биде следен и од другите компании, се со цел, Клиниката за детски болести да биде што по опремена.

Претседателот на Одборот на директори на Макстил, Димитар Цветковски на свеченоста рече дека реновирањето на овој Оддел е одговор на потребите за обезбедување современа и безбедна средина за лекување на пациентите кои имаат потреба од онколошки третман, а корпоративната општествена одговорност е на високо место меѓу приоритетите на Макстил.

Премиерот Ковачевски ја оцени инвестицијата на Макстил како највредна донација во здравството досега. Ова Одделение за онкологија, претставува огромна надеж за победа за сите деца – херои, кои се соочуваат со подмолни малигни болести. Целта е да продолжиме да бидеме дел од трендот кој покажува дека канцерот може да се победи, преку раната детекција, навремената реакција и соодветното лекување, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за здравство Беким Сали донацијата од Макстил ја оцени од суштинско значење за онколошката нега и третман на младите пациенти во државата и повеќе од општествена одговорност. Таа рече Сали, зборува за вистинската свесност на една компанија за својата улога и функција во општеството и заедницата.

Клиниката за детски болести им додели благодарници на донаторот Макстил, и на владината делегација за континуираната поддршка.

Донацијата вредна 16 милиони денари вклучува поставување на нов систем за вентилација и нов систем за технички гасови, реновирани се сите болнички соби, просториите за медицинскиот персонал, обновена е електричната инсталација, како и дел од водоводната и канализациската мрежа, поставен е и нов медицински под, а сето тоа на вкупна површина од 400 метри квадратни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.