“Секогаш има нов ден!“

Утринава, со оваа порака бев пречекан од директорката на Универзитетската клиника за Детски Болести, Д-р Аспазија Софијанова и организацискиот директор, Алајдин Мемеди.

На денешната средба, одржана по повод 15-ти февруари, Светскиот ден на децата болни од рак, дониравме книги и овошје за децата пациенти на Детската клиника, а им подаривме и една уметничка слика, изработена од нивните другарчиња од основните училишта во Центар.

Упатувам голема благодарност до тимот од Детската клиника за нивниот труд кој секојдневно го вложуваат во борбата за подобро утре, а на децата им посакувам добро здравје и истрајност во борбата со оваа подмолна болест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *